Се било во ред, а потоа оваа девојка едно утро се разбудила со тројно поголеми усни.
Холи Клег има 23 години, таа студира во Велика Британија. Била сигурна дека тоа утро има некоја алергиска реакција. Отишла во болница, но не очекувала дека станува збор за нешто сериозно.
Докторите кога ја виделе останале во шок. Потоа следувала голгота која траела цели 7 месеци.
Поминала низ 3 операции и бројни прегледи пред да ја добие конечната дијагноза.
Прво се сомневале дека станува збор за ХИВ вирус, па мислеле дека е херпес. Испитувале и дали станува збор за други низа полови болести. Но, ништо од ова не било вистинската дијагноза.
Станува збор за инфекција која го носи името Пантон-Валентин леукоцидин.
Поради оваа инфекција, Холи денес прима 15 различни антибиотици, но крајот на нејзините уште не е дојден.
На секои две недели, нејзините усни отекуваат, а оваа состојба може да доведе до сепса или воспаление на белите дробови.
Инфекцијата остави трајни лузни на нејзиното лице, но тоа не е најлошото.
-Пресреќна ми е што конечно знам што ми е, но засега нема лек или третман кој во целост ќе даде подобрување. Девет месеци минувам низ ова и само сакам да ги охрабрам другите кои можеби ќе се соочат со истото. Не е можно да си најдам дечко бидејќи една недела лицето ми е нормално, а следната отечено и тогаш не излегувам од дома, вели Холи, која се уште чека лек за себе.