– Поминав многу тешки моменти, за кои што никој не знаеше и немам зборувано гласно за тоа. Толку тешко што имав и самоубиствени мисли, вели пејачката Ивона Јо во поткастот „Со Ана на ТИ“.

Ивона е пејачка и девојка која не се плаши гласно да зборува за својата борба со вишокот килограми, депресијата и сите тешки моменти кои морала да ги помине за да стигне таму каде што е денес. По две операции и многу храброст, Ивона конечно може да каже дека е задоволна со себе.

– Влегов во фаза на депресија, потпишана, дијагностицирана депресија со дадени таблети за пиење, со дадена препорака за пиење. Не ги почнав, тука е мојот „лизгач“, и тука е мојот момент, вербата, се вратив на себе и кажав застани, изоде многу, зошто? Зошто има потреба од нешто вакво. Но, за дојде до тој момент, поминав многу тешки моменти, за кои што никој не знаеше и немам зборувано гласно за тоа. Толку тешко што имав и самоубиствени мисли. И, не вредиш, не си доволно добра, не си посебна како што мислиш ти, твојот глас не вреди ништо. Тоа се едни од мислите кои што ми се движеа низ мене и низ мојата глава, се додека не… со помош на Тамара не застана и не ми кажа не можеш вака, не можеш да продолжиш вака, изјави таа.