Новица Здравковиќ, пејач и брат на славниот пејач Тома Здравковиќ, почина во клиничката болница Звездара.
Братот на Тома Здравковиќ почина на 74-годишна возраст, пренесува „Информер“.
Пејачот веќе подолго време се бореше со рак на бешиката.
На почетокот на минатата година тој беше опериран, а потоа изјави дека се чувствува добро, но и дека се плаши дека туморот ќе се прошири на простатата, како што беше случајот со неговиот покоен брат Тома.