Веруваме дека се сеќавате на познатиот бразилски фудбалер Федерико Чавес Гуеде, или во јавноста едноставно пзонат само како Фред.

Во својата кариера претежно ги бранеше боите на фудбалски клубови од својата земја како Крузеиро, Флуминенсе и Атлетико Минеиро, но европската јавност многу добри го памети по неговите настапи во францускиот прволигаш Лион.

Фред денеска има 40 години, и додека некои негови врсници се уште се на теренот, бразилскиот напаѓач очигледно реши да ужива во пензионерските благодети, па негова фотографија на која има огромен стомак набрзо се прошири на социјалните мрежи.