Се сеќавате ли на слаткото петгодишно детенце Фрихолито? Беше ваш омилен телевизиски лик од теленовелата “Барајќи го тато”, која е последна мега успешна латино серија во Македонија.

Немаше кој, а да не ја следи приказната за малото детенце кое е во потрага по својот татко. Само нежното и детско срце на малиот Фрихолито успеа на крајот да ги спои неговите родители Игнасио и Маргарита, за кои навивавме сезоната 2006/2007 на А1 телевизија.

Покрај улогата во оваа серија, го запознавме и како детето на Колунга и Адела Нориега во “Amor real”, а негов последен тв проект е серија за познатиот мексикански пејач Хуан Габриел.

Алехандро Фелипе Флорес денес има 22 години, има свој стил на облекување и однесување, но продолжува да ја гради актерската кариера.

Освен со актерство, денес се занимава и со музика. Дел е од бендот Khali, кои допрва започнуваат со настапи и слава.

View this post on Instagram

A post shared by 🔥[••A••F••]🔥 (@alexfloresoficial1)

Фрихолито денес не е малото гравче кое го знаевме. Како и секој млад дечко, се уште е во фаза на оформување и градење на вистинска личност.

View this post on Instagram

A post shared by 🔥[••A••F••]🔥 (@alexfloresoficial1)