Пејачот Маринко Роквиќ кој почина во саботата на 6 ноември ќе биде погребан во четврток на 11 ноември на гробиштата Нова Бежанија.
Погребот на Маринко Роквиќ ќе се изврши во четврток на 11 ноември, со почеток на богослужбата во 14 часот и 30 минути во црквата Св. Апостол Тома на гробиштата Нова Бежанија, соопшти семејството на пејачот, кое поради моменталната епидемиолошка состојба побара да се почитуваат сите мерки.
– Поради големата почит од луѓето кон Маринко, погребот нема да биде само во кругот на семејството, туку заедно ќе го придружуваме со барање да се почитуваат сите епидемиолошки мерки, се наведува во соопштението на семејството.
Да потсетиме, Маринко почина како последица на долго и тешко боледување, а негова желба беше тоа да не го коментира во јавноста. Со пејачот цело време, до последниот ден, била и неговата сопруга Славица. Желба на Маринко била да почине во семејната куќа на Коштуњак, што му се исполнило.
Маринко ќе биде погребан на истото место како неговиот татко, а малкумина знаат дека таткото на Маринко Роквиќ е убиен за време на војната во Босна и Херцеговина, а пејачот во една прилика си ја отвори душата и призна се за загубата.
-Најтешкиот момент во мојот живот беше загубата на татко ми кога падна Краина. Тоа не се заборава. Никој не се надеваше дека тоа ќе се случи. Игра на судбината. Татко ми не сакаше да го напушти своето огниште, имаше 75 години, не учествуваше во војната, никому ништо лошо не направи, на сите им помагаше. Го убиле на прагот, изјави Маринко во емисијата „Балканска улица“.
Од друга страна, сопругата Славица до самиот крај беше со Роквиќ. Според изворот на „Курир“, таа го негувала Маринко во нивниот семеен дом на Коштуњак, каде тој починал во саботата. Не сакал да биде однесен во болница. Свесен дека е тешко болен и дека му се ближи крајот, изразил желба да умре дома, што најблиските го почитувале.
Според изворот, Славица била со сопругот постојано додека тој не починал, а со оглед на тоа дека по професија е здравствен работник, Маринко ја имал најдобрата грижа во најтешките моменти.