Ова ми е трет настап во „Борис Трајковски“ и не очекував ваков концерт, изјави Северина по спектаклот што синоќа го приреди.
Оваа вечер ќе остане врежана во срцата на публиката и нас нас музичарите.Благословени сме што видовме нови генерации што ги пеат нашите песни како и стари обожаватели.Ова е еден од најдобрите концерти воопшто.Благодарам Скопје, изјави Северина за „Вечерњи лист“.
На крајот од концерот, Северина и се обрати на македонската публика и порача:
„Имам само една желба, чувајте ја Македонија“