Фудбалерот на ЦСКА Софија, Георги Јомов играл со допинг во реванш натпреварот од второто коло во Конференциската лига против Македонија Ѓорче Петров кој се одигра на 28. јули во Софија.

Од клубот информираат дека добиле писмо од Светската антидопинг агенција (ВАДА) непосредно пред натпреварот од плеј-офот против Базел. За потсетување освојувачот на Купот на Македонија го загуби овој меч со 4-0, a токму Јомов беше еден од стрелците на голот за бугарскиот тим.

„На 25.08. неколку часа пред натпреварот во Базел, ЦСКА доби писмо од Антидопинг комисијата на УЕФА за откривање забранета супстанца во телото на Георги Јомов. Примерокот од урина е земен на 28.07. по средбата со Ѓорче Петров. Поради барањата за доверливост на УЕФА, не можеме да ја откриеме предметната супстанција. Се чека целосна истрага до расчистување на случајот. Во меѓувреме, Ѓорѓи има рок до 01.09. да го даде својот став на меѓународните антидопинг власти. На фудбалерот му се привремено суспендирани правата на 90 дена.Категорично наведуваме дека ЦСКА ги исполнува сите барања на Светската антидопинг агенција. Сите витамини и додатоци во исхраната кои им се даваат на фудбалерите во тимот се светски сертифицирани брендови и медицински одобрени. Во тимот, земање супстанции надвор од клупската програма е строго забрането“, стои во соопштението на ЦСКА Софија.