Естрадниот новинар Зоран Василевски кој од неодамна повторно се бори со канцер во неговото последно обраќање на социјалните мрежи откри нови моменти од неговата здравствена состојба.

Најави дека вечерва на поткаст ќе им објасни на фановите што точно се случувало последните три недели во Истанбул каде што престојуваше.

Тој се пофали дека потпишал договор за тамошна интернационална модна агенција и дека ќе биде скаут за Македонија и букер.

За неговото здравје во истото „стори“ откри:

„Најверојатно од понеделник ќе почнам со хемотерапиите, зависи докторот во Државна што ќе ми каже. Ме чека една голема борба и навистина без вас не би можел да успеам. Ми значи секоја ваша порака во инбокс, ми значи вашата поддршка, поддршката на моите блиски“.

Јутјуберот Стефан Лазаров најави дека вечерва во 22:00 продолжува нова епизода од Без Лимит заедно со Зоки Фаци.

– После пауза од 3 недели тој се врати од Истанбул, а таму правеше испитувања околу неговата здравствена состојба. Зоки јавно зборува за ракот и секојдневно добива поддршка од целиот народ. Ситуацијата не е најдобра, но заедно ќе му бидеме ветер во грб за да се бори… Ве чекаме вечер❤️, напиша Лазаров.