Поранешниот германски фудбалер Андреас Бреме ја освои титулата светски шампион со Германија во 1990 година и влезе во историјата на германскиот фудбал.
Бреме денеска ужива во заслужената пензија, а деновиве стана хит во светските медиуми. Зошто? Имено, Германецот снимаше честитка за своја обожавателка, но технологијата не му е силна страна, па случајно ја снимал и својата гола сопруга.
Овој 62-годишен Германец ја снимил својата сопруга, 56-годишната Сузана Шадер, која била без градник во станот.
„Сега цел свет знае дека имам убава сопруга. Тоа не требаше да се случи, но можам само да се смеам. Во иднина ќе ѝ дадам на жена ми да ме снима“, изјави поранешниот фудбалер на Баерн и Интер.
Hey Andi Brehme, ich habe da mal einen Text für den Alfred verfasst. Ließ den doch bitte mal vor, als käme er von dir. Bekommst auch 50 Euro. pic.twitter.com/VRXjJYj2l7
— SiM (@simzwitschert) March 26, 2023