Тажен ден за семејството на Стефан и Милан Ристовски. Македонскиот фудбалер од Динамо Загреб, Стефан денеска објави дека денеска, по долга и тешка болест, почина неговата мајка за која и двајцата, заедно со неговиот брат Милан, и тоа како беа поврзани.
Стефан веста ја објави на социјалните мрежи каде со заедничка фотографија со Милан се збогуваа од саканата мајка.
Веднаш добија голем број пораки со сочувство од бројни актуелни и поранешни нивни соиграчи, а една од нив беше и на капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, со кого Стефан играше во Спортинг Лисабон и е негов голем пријател.
„Твојата мајка е горда на тебе и сега те гледа“ – објави Бруно Фернандеш.