Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години, Дашмир Беари ненадејно почина.
Македонскиот фудбал загуби голем спортски работник, почина тренерот Дашмир Беари на 50-годишна возраст.
Неговата последна работа беше улогата на селектор на македонската репрезентација до 17 години.
Веста за неговата смрт на „Фејсбук“ ја објавија колеги и пријатели на починатиот, пишувајќи дека неговото ненадејно заминување во вечноста ги шокирало и растажило. Неофицијално, станува збор за смрт од срцев удар.
Беари беше екс тренер на неколку македонски клубови (Ренова, Гостивар, Дрита, Влазерими), а работеше и како помошник тренер во Ал Раед, Саудиска Арабија. Ги имаше водено и У-15 и У-19 селекциите, а смртта го затекна како актуелен селектор на националниот тим за фудбалери до 17 години.