Манекенката, ријалити ѕвезда и инфлуенсерка Кимберли Гарнер ужива на продолжен одмор на островот Saint Barthélemy на Карипското Море, а папараците не престануваат да ја фотографираат, па нејзините фотографии од бикини веќе неколку дена кружат низ медиумите ширум светот.

Атрактивната Британка е позната како една од најубавите дами на јавната сцена, и како една од ретките која нема направено бројни естетски корекции на телото.

Атмосферата на плажата ја загреа шетајќи во минијатурно жолто бикини, кое сама го дизајнираше. Имено, Кимберли во 2013 година го лансираше својот бренд за костими за капење „Кимберли Лондон“, а очекувано редовно ги носи само нив. Не ѝ треба дури ни подобра реклама.

Погледнете ги нејзините нови фотографии во нашата галерија.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸