Поранешната Југословенска држава во времето на Тито изградила 26 објекти под земја, кои се проценуваат на околу 90 милјарди долари. Тоа е неколку пати поголема сума отколку државниот долг кој СФРЈ го имала во 1983 година кога “падна” во банкрот.

На сето ова можеме да ги додадеме и безбројните резиденции, вили и трошоците за персоналот кој ги одржувал, како и возниот парк на Тито кој броел 8 Мерцедес Пулман од вкупно 420 произведени, прватен остров, сопствен брод и други трошоци.

Еден од овие “подземни градови” е познат под името АРК и е со големина од 6500 квадратни метри, од прилика колку еден голф терен. АРК се наоѓа во голема длабочина на територијата на Босна и Херцеговина. Но АРК не е ниту најголем ниту најскап подземен објект на Тито.

На Дедиње постоел подземен командитен центар наречен “Караш”, вистински подземен град за долготрајно престојување на триесет луѓе, опремен со најмодерни средства за комуникација и автономно одржување на животот во внатрешноста на центарот.

На подрачјето на Соче, се наоѓа еден од најголемите подземни објекти изградени во тоа време. Целта на тој подземен објект била да служи како фабрика за оружје каде што би работеле околу 800 луѓе, но тоа никогаш не се остварило.

Најголемиот подземен бункер на Тито е оној на Вис. Целиот Вис е избушен и претставува мрежа на подземни простории. Целта на овој бункер била, заштита на Тито во случај на напад на НАТО или Варшавскиот пакт.

Затоа и на туристите им било забранувано да одат на Вис се до 1992 година.

Се работи за 37 објекти кои се вклучени во овој бункер вклучуваќи ја и подземната воена болница. Главниот тунел бил долг околу 500 метри и излегувал на другата страна од планината.

Некои од овие “градови” се сеуште активни.