Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, важи за голем фанатик на здравиот живот, што му овозможува и со 36 години да им парира на далеку помладите противници, кои не му се ниту до колена во физичката подготовка и изгледот на телото.

Поради тоа, не зачудува неговата реакција на денешната прес-конференција пред мечот на Португалија против Унгарија на ЕВРО 2020, кога покажа колку не ги сака газираните сокови, кои, според лекарите, се исклучително штетни.

Тој не само што не пие кока-кола и слични пијалци, туку и не сака да биде во нивна близина, па ги тргна од пред себе покажувајќи им на тие што го следеа неговото обраќање дека треба да пијат само вода.

Колку е тој сериозен во ова покажува и фактот што им има забрането и на своите деца воопшто да дојдат во контакт со газирани пијалоци.