Припадници на МВР на Србија, Управа за криминалистичка полиција, во соработка со Агенција за безбедност и информирање, а по наредба на Специјалното одделение за борба против корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, ги уапсиле Ј.С.(44), вработена во Агенцијата за денационализација, судскиот вештак В.С.(56) и бизнисменот И.К.(49), а против едно лице во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава.
Ј.С. е уапсена поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела перење пари, примање поткуп и злоупотреба на службената положба, додека В.С. е осомничен за перење пари и давање лажна изјава, додека И.К. за земање мито.
Поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело перење пари, против шеесет и деветгодишната жена во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава.
На Ј.С., В.С. и И.К. им е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.