Инфлуенсерот и TikToker „Erwin_Beg“, кој живеел во Австрија, бил пронајден мртов пред неколку дена во Грац. Имено, Ервин Бегиќ (23), како што гласи неговото целосно име, по потекло од БиХ, беше пронајден мртов во Грац на 13 декември годинава.
Роднините и пријателите се збогуваат со тиктокерот на социјалните мрежи и ја објавуваат својата последна преписка, но неговата сестра тврди дека половина од неговите пријатели од ТикТок му посакувале смрт, пренесува Блиц.
– Објавувате видеа на кои тој е грешен, а потоа му посакувате место во рајот? Половина од вас славевте за неговите гревови, а половина од вас позади грб му посакувавте да умре. Јас не сум човек кој сака да се се огласува на Тикток, но сега на сите ни е доста. Поминаа само 24 часа, а се кажуваат лаги. Никој не се грижи што се случи со мојот сакан брат. Наместо да се обидувате да правите прегледи, како би било да се молите за него? Вчера беше дождлив ден и Алах ни даде знак со тоа! Престанете да објавувате фотографии и какви било видеа. Јас и моето семејство не сме подготвени да го видиме неговото прекрасно лице во вакви видеа. Ве молиме почитувајте не и избришете сè. Нека Аллах го испрати мојот брат на највисокото ниво на рајот и нека ги чуе нашите молитви – напиша Мели Бегиќ.
Да потсетиме, како што пренесуваат медиумите од регионот, тој наводно извршил самоубиство.