Најголемите хитови на екс-ју-сцената се слушаат до ден денес. Урбаните легенди за потеклото на некои од најголемите рок-песни се пренесуваат од генерација на генерација, а многумина се прашуваат дали авторите навистина го доживеале она за што пишувале во своите песни?
Најголемиот хит на „Прљаво казалиште“ – „Ту ноч кад си се удавала“, беше објавен во раните 90-ти. Со години кружеше приказната дека фронтментот на групата, Јасенко Хоура таа песна ја напишал во периодот кога се вратил од војска.
Имено, пред да замине во војска, тој имал девојка која му ветила дека ќе го чека додека не го отслужи својот двегодишен воен рок.
Кога се вратил од војска, Хоура веднаш имал закажано свирка со својот бенд на свадбена веселба. За набргу да сфати дека во прашање била венчавката на неговата девојка, која очигледно не си го исполнила љубовното ветување…
Во тоа време почнало да кружат и гласини дека девојката си го одзела животот по венчавката, но Хоура никогаш јавно не прозборе за овие приказни.