Кристијан Ерикен доживеа срцев удар на самиот почеток од Европското првенство, кое се игра во повеќе градови низ Европа.

Данскиот репрезентативец колабираше на терен за време на дуелот против Финска. Тоа ја шокираше фудбалската јавност, која се молеше за неговото здравје.

По неколку дена во болница, играчот за врска замина дома меѓу најблиските. Сега е далеку од болничкиот кревет и му се врати на нормалниот живот.

Интер направи убав гест и најави дека ќе му ја исплаќа платата на Данецот, иако тој нема да биде во конкуренција за настап во наредниот период.