Компанијата Sunshine Coast Snake Catchers објави видео за кое напишаа дека приближно објаснува каков е животот во Австралија. Снимката е направена во дом во градот Будерим, а сопственичката на куќата ги повикала на помош. Им раскажала дека кога го подигнала капакот од ВЦ школката, видела нешто кафено внатре, па од страв брзо го затворила и ја ставила вазната врз неа. Потоа ги повикала на помош.
– Од сите места во домаќинството, нас ни падна да работиме во тоалетната школка – напишаа со видео на кое се гледа како нивниот ловец вади поголем кафеав гуштер.
На тој континент вакви работи не се ретки. Во нив низ вентилационите канали влегуваат разни животни кои најмногу бараат засолниште од жештината. Затоа често ги има во тоалетите – некогаш се во ВЦ школки, друг пат во кади, на завеси, плочки…
Одреден број од овие влекачи се безопасни, но на луѓето сепак им се советува самите да не ги допираат. Дури и да немаат отров, суштествата се плашат кога ќе видат луѓе, па сепак можат да нападнат.