Борислав Бизу, трикратен европски и светски шампион во кану, почина на 25-годишна возраст од коронавирус.

Бизу беше позитивен на вирусот во средината на ноември, по што заврши на лекување. Неговата состојба се влошила откако добил сепса.

Со кану започна во 2008 година, а две години беше јуниорски шампион на Украина. Пред седум години стана европски првак, а потоа почна да освојува медали. Беше трикратен светски и европски шампион.

Тој мораше да паузира во 2016 година кога му беше дијагностициран лупус, автоимуна болест. После тоа ја прекина кариерата и стана тренер.

Кану федерацијата на Украина се прости од него со порака:

„Денеска почина Борислав Бизу, веслач и еден од најдобрите спортисти од Украина на меѓународен план“.