Јасно е дека сите сакаме да изгледаме добро и да испратиме подобра слика за себе. Сепак, велат дека оваа пејачка претерува кога е во прашање обработката на фотографиите и дека не личи на себе без шминка.
Карди Би денес заработува милиони, се исполни во улогата на мајка, ги полни концертните сали и има милиони фанови ширум светот.
Сепак, таа и понатаму е мета на негативни коментари, а обожавателите често ја напаѓаат дека изгледа непрепознатливо без шминка.
Сепак, изгледа ни најмалку не и пречи, па на сите им порачува дека мора да се сакаат во сите изданија.
Карди не се двоуми да објави фотографии на своите профили на социјалните мрежи на кои е без шминка, но и каде не користи филтер и испраќа силна порака до сите девојки и жени.
– Не ги разбирам негативните коментари. Јас сум една од оние јавни личности кои се покажаа пред светот во различни изданија. Жената не може и не треба да изгледа совршено во секое време и сосема е нормално малку да се нашминаме за да изгледаме поубаво, вели таа.