Како што пишуваат белградските медиуми, пејачката Наташа Беквалац „поштено“ се „попарила“ за Нова година.
Имено, пејачката настапувала во престижен хотел во Белград.
Да потсетиме, Наташа имаше закажано настапи и за „најлудата ноќ“ и за „репризата“ во два луксузни хотели во главниот град.
Според медиумите, „малата плава“ за овие два настапи наводно искеширала дури 70.000 евра.
По тој повод, како и поради свеченоста на пригодата, пејачката се одлучи за многу елегантен стајлинг кој во преден план ги стави сите атрибути на располагање.
На нејзиниот настап присуствуваа нејзините пријатели и сестрата Кристина.
Покрај фустанот, кој ги истакна деколтето и нозете на Наташа, погледите на многумина ги привлекоа и необичните ракавици опкружени со сребрени детали.