„Bundesamt für Strahlenschutz“, германската федерална канцеларија за заштита од радијација, објави листа на телефони кои најмногу зрачат.
Во денешно време сите го користиме телефонот секој ден и тој е на дофат на раката 24 часа на ден.
Кога сме на работа и кога шетаме ни е во џеб, кога сме во транспорт ни е во раце, кога сме дома во раце, кога спиеме е на масата до нас.
Бидејќи телефонот толку многу го користиме и секогаш ни е блиску, прашање е дали ни штети, а инфографското шоу ни го носи одговорот според информациите што ги соопшти „Bundesamt für Strahlenschutz“, германската федерална канцеларија за радијација
Моментално, телефонот со најмногу зрачење е Motorola Edge.
Порано Ајфон беше на врвот на листата, но сега Епл го промени тоа и не се ниту во Топ 10.