Ќерката на Мадона, Лурдес се појави на Мет Гала во розов фустан и ги покажа своите небричени пазуви.
24-годишната девојка гордо позираше на црвениот тепих со кренати раце во фустан со низок крој со потпис на брендот Moschino.
Нејзината мајка не беше на настанот.
Патем, Лурдес е едно од лицата на насловната страница за приказната „Генерација на Америка: Модели што ја менуваат индустријата“ во септемвриското издание на Vogue.
„Луѓето мислат дека сум богато дете без талент, на кое му е дадено се на чинија, но јас не сум таква“, рече таа за списанието, објаснувајќи дека самата ја плаќа школарината за колеџ и живее во населбата Bushwick во Њујорк, далеку од раскошот на Холивуд.
📷
📷