Почина Каилија Посеи, 16-годишната девојка која се појави како кралица во шоуто „Toddlers & Tiaras“ на TLC кога имаше само 5 години, објави нејзината мајка на Фејсбук.
– Немам зборови. Убавата девојка ја нема. Ве молиме да ни дадете приватност додека жалиме за загубата на Каилија. Мое бебе засекогаш, објави во вторникот Марси Поз Гатерман, споделувајќи фотографија од нејзината ќерка во фустан. Се уште не е позната причината за нејзината смрт, но дел од светските медиуми, меѓу кои и британски Дејли Мејл, пренесуваат дека станува збор за самоубиство.
Посеи се појави во шоуто „Toddlers & Tiaras“, кое барем двапати даде задкулисен поглед на светот на детските натпревари. Во епизодата на емисијата од 2016 година, мајката на Каилија изјави дека на три години почнала да учествува на натпревари.
За време на една епизода од шоуто од 2012 година, Каилија, тогаш 5-годишна, направи позната насмевка која стана вирална како ГИФ, правејќи го нејзиното лице препознатливо.
Посеи неодамна се натпреваруваше на тинејџерскиот натпревар Мис Вашингтон. Нејзината биографија на веб-страницата на натпреварот вели дека посетувала средно училиште Линден и дека сакала да студира воздухопловство на колеџ за да стане пилот.
Тинејџерката беше одлична ученичка, активна на Инстаграм, а нејзините неодамнешни објави сега се преплавени со пораки од пријатели и поддржувачи, кои жалат за нејзината смрт.
Нејзината мајка и очувот, исто така, објавија неколку почести на Фејсбук, вклучително и фотографија уредена да изгледа како ангел.
Во саботата нејзиниот очув Стивен Гатерман објави дека тоа е нејзината матурска вечер. На 19 април, тој објави порака за нејзиниот 16-ти роденден, во која напиша:
“Среќен 16-ти Каилија! Ти си убава одвнатре и однадвор. Твојата светлина сјае каде и да одиш. Ти посакуваме најубав ден!” Си-Би-Ес ги контактираше родителите на Посеи, но тие не се огласија за медиумите.