Саманта Лејнс и нејзиниот партнер Џејсон Домбс биле пресреќни кога дознале дека ќе добијат бебе.
Бременоста минала во најдобар ред па ниту породувањето не минало со тешкотии.
29-годишната мајка веднаш го земала девојчето во раце, а кога бебето ја отворило устата се зачудиле бидејќи виделе нешто што не се случува често.
Малечкото девојче со име Ела -Роса имала две запчиња. Докторите на мајката и објасниле дека со нејзиното бебе е се во ред и дека девојчето едноставно било малку „побрзо“ од останатите деца кога станува збор за забите.
Ела – Роса изгледа преслатко а Саманта се надева дека поради ова нема да има проблеми со доењето и дека тоа нема да и биде болно искуство.