Пејачката Сања Ристеска не само што плени со нејзината физичка појава туку маѓепсува и со нејзиниот неодолив глас.
Таа за весникот ВЕЧЕР раскажа како успева секогаш да е во топ форма.
– Ситуацијата е таква каква што е. Коронавирусот ги погоди сите сфери на општествениот и социјалниот живот, а кризата се чувствува насекаде. Нормално е дека стравот за финансиите постои, но стравот е релативна работа, нели? – oтркива за вечер, пејачката.
Иако генетиката е задолжена за нејзиниот изглед и фит става, Сања е од оние пејачки кои водат грижа за исхраната иако понекогаш знае да направи и некој грешен залак.
– Кондицијата ми е на завидно ниво иако периодов работите се движат со забавено и отежната темпо. Секој успешен и исполнет човек ќе најде начин и ќе твори и твори.
Кажано во жаргон на големиот Ник Вуичиќ „Ако не можеш да добиеш чудо тогаш стани чудо“. Што се однесува до мојата витка става во овој период преовладува здравиот режим на исхрана, кој не претставува товар за мене, туку начин на живот.
Во принцип сум прилично дисциплинирана што јадам, но секогаш постои понекогаш, па така знам да се почестам со омиленото парче храна. Паралелно на тоа применувам и умерена физичка активност, но пред сè генетиката е задолжена за мојот изглед, додава таа.
Стиховите „Раке пуке, раке шлаке“ станаа препознатливи за Сања Ристеска.
Нејзината песна „Ме заболе“ во која ги има овие стихови стана вистински хит.
Со розовите потпетици со боцки и провокативниот сатајлинг, а особено со моментот кога пејачката го милува шишето шампањ на пров окативен начин Сања се прослави во Македонија.
Таа покрај оваа песна ги отпеа и: „Денот дојде“, „Машала“, „Маскембал“ итн.
Погледнете како изгледа Сања денес!
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸