Владимир Вуксановиќ (31) и рече „да“ на една убава латиноамериканка со која е во врска околу година ипол, пренесуваат српските медиуми.
Како што дознава Телеграф, парот се венчал неодамна во Белград, во кругот на семејството и неколку блиски пријатели.
Неговата убава сопруга е бремена, а како што се приближува породувањето, тие ја забрзале венчавката.
Инаку, Владимир започна да објавува слики со оваа убавица во септември 2018 година, додека тој беше во Грција. Секогаш ставаше црвено срце покрај секоја фотографија.
Да потсетиме, Влада беше со многу српски убавици, особено откако се прослави во реалното шоу „Преживеан“.
После тоа, тој беше во врска со Цеца Ражнатовиќ кратко време, а потоа се забавуваше и со Наташа Беквалац. Двајцата се свршија, но љубовта не траеше.