Водителот Огњен Амиџиќ по разводот со манекенката Данијела Димитровска, со која има син, стапи во врска со 17 години помладата колешка Мина Наумовиќ.
Имено, Мина Наумовиќ со својот изглед привлече големо внимание во јавноста. Додека едни се воодушевени од нејзиниот изглед, други сметаат дека таа претерала со операциите, поради што реагирал и Огњен.
Имено, девојката на водителот објави селфи од шоуто додека позира во црвен фустан, а со оваа објава предизвика лавина коментари.
– И јас би додал, верувале или не, 100% природно. Ниту 1% ГМО, филери и пластика. Затоа што читам нешто, а не ја сакам неправдата – изјави Огњен.
Сепак, дел од следбениците го прашале дали е можно Мина да не ја оперирала устата.
– Јас кажав се. Оттука и устата. 100% – изјави водителот Амиџиќ.
– Не тресете глупости, сè тоа е пластично. Сè и очи, нос, уста, се… Данијела беше природна. Сето тоа е пластика и неморал – е еден од коментарите.
Инаку, манекенката Данијела Димитровска, која минатата година се разведе од водителот Огњен Амиџиќ, со месеци е во врска со згодниот Јеврем Косниќ, бизнисмен, поранешен фудбалер, а со неа наводно е во врска половина година.