Ана Севиќ веќе неколку години ужива во хармоничен брак со сопругот Даниел Недељковиќ, со кого ги има ќерката Сена и синот Симеон. Пејачката, од првиот брак со пејачот Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена, и по третото породување успеа да ја врати витка линија, за што сведочат нејзините најнови фотографии.

Имено, Ана се прошета со своите наследници до блискиот парк и уште еднаш докажа колку е грижлива и посветена мајка. Тие уживаа во играта, а пејачката цело време гордо ги гледаше.

Кога го завршија натпреварот, Севиќ ја зеде во прегратка нејзината ќерка Сена која изгледаше како најуморна и сите заедно се упатија кон семејниот дом. Претпоставуваме дека таму ги чекал Даниел кој овој пат не бише во паркот.

Покрај тоа што сите коментираа колку пораснаа децата на Ана Севиќ, имаше и такви кои и дадоа комплименти за изгледот на гордата мама. Таа и по третото породување успеа да си ги врати девојачките килограми, а јавноста се уште не знае која е тајната на нејзиниот добар изглед.