Креативниот директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ и ги предаде клучевите од новиот автомобил на победничката од овогодинешната сезона Славица Ангелова од Македонија и проговори за условите од договорот што пејачите го потпишуваат.

„Сите финалисти потпишуваат договор, многумина се плашат од тој договор, сепак, договорот всушност е вака направен. Договорот е активен само за оние кандидати кои можат да завршат некоја работа и од кои можеме да направиме некои настапи, да речеме од 1.000, 2.000, до 7.000, 8.000, 10.000 илјади евра“, изјави Саша за Телеграф.

„Ако некого можеме да направиме ѕвезда и да заработиме многу пари, и за него и за продукцијата, тогаш тој договор е активен, ако не можеме, тогаш ќе го оставиме да работи како што правеа досега“, откри Поповиќ.

Тој откри и колку заработува продукцијата по настап.

„Ние како продукција земаме 30 проценти, нивното е 70 проценти. Не можеш да земеш 30% од некој што пее за 100 или 200 евра, нема шанси. Но ако некого кренеме на 5.000, тогаш се прават калкулации и на таквите кандидати им даваме подоцна и тие договори се уште активни. А за возврат сите имаат 9 години рекламирање и маркетинг“, рече Поповиќ.