Славица Ангелова од Струмица, како што е добро вече познато, е новата победничка на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ сезона 22/23, но се чини дека најестравагантиот настап во оваа сезона го имаше една друга наша претставничка.
Македонката Милица Ризо Трајков од Кавадарци (18 години) во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и слободно може да се каже дека го шокираше цел регион. Младата пејачка се појави на грандиозната сцена во веројатно досега невидено (за овие простори) издание и со својата појава никого не остави рамнодушен.
Младата кавадарчанка се пофали дека за нејзиното издание се погрижила дизајнерката Боркица Квин од Кавадарци.
Шармантната девојка во слободното време се занимава со модерен балет. Во продолжение погледнете го нејзиното шокантно издание со кое се претстави во „Ѕвездите на Гранд“: