Синот на фолк пејачот Енес Беговиќ, Армин Беговиќ почина денеска во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. Веста за прераната смрт на синот на легендарниот пејач го растажи целиот регион, а сега се огласи и менаџерот на Енес кој ги откри деталите.

Тој откри дека на Армин му се вратила автоимуната болест од која боледувал претходно, а тој до последниот здив бил со својот татко и починал во неговите раце.

– За жал, информациите се точни. Нашиот Армин почина. Верувајте ми, целосно не сме свесни дека тоа се случи. Енес е во никаква состојба, што да ви кажам, сега остана само ќерка му. Сопругата на Армин требало да се породи за неколку дена. Болеста што ја имаше претходно се врати, повторно почна, некоја автоимуна болест. Беше во болница, во Сараево, Енес беше цело време со синот, особено последните неколку дена, не го оставаше него и креветот, бидејќи сè повторно се влоши. Беше со него до последен момент… Сите сме шокирани, верувајте. Енес не може да зборува, не можам да ја опишам болката. Сите умревме со Армин – изјавил менаџерот на Беговиќ за порталот „Република“.