Италијанската новинарка Дилета Леота ужива во бременоста, а на својот Инстаграм профил сподели две фотографии на кои се гледа зголемениот стомак во проѕирен фустан.
На една од фотографиите убавата спортска новинарка гордо ја држи раката на трудничкиот стомак, додека на другата фотографија ја истакна позадината. Објавата брзо собра над 200.000 лајкови и многу комплименти.
Сепак, некои ѝ се спротивставија за ваквата фотосесија во висок степен на бременост.
„Мислам дека сега претера“, „Ова е вулгарно за трудница и за идна мајка“, „Тоа ли ќе ги научите вашите деца“, „Очигледно дека сакате да заработите од бременоста“, се дел од критиките.
Потсетуваме, оваа популарна спортска новинарка е во врска со германскиот голман Лорис Кариус, кој е голман на англискиот клуб Њукасл Јунајтед.