По триумфот во „Ѕвездите на Гранд“ и бројните обврски по победата, талентираната Шејла Зониќ од Тузла ги спакува куферите и заедно со сопругот Армин замина на заслужен одмор.
Победничката и нејзиниот сопруг одлучија дестинација за нивниот прв одмор да биде Задар, каде пејачката, како што дознаваме, има и неколку деловни обврски.
Краткото „земање здив“ од се што и се случуваше во последните девет месеци преку натпреварувањето ја искористи на најдобар можен начин, а на море замина со пријателите и сопругот.
Шејла и нејзиниот сопруг освен што секојдневно уживаат на прекрасните хрватски плажи, слободното време го користат и за прошетка низ Задар, а екипата на порталот Гранд ја фати победничката како се забавува на базенот во хотелот.
Таа е фотографирана како се релаксира и ги полни батериите за претстојните обврски кои ја очекуваат во текот на летото.
Шејла по враќањето од одмор ја очекува и снимањето на својот деби албум со кој ќе ја започне својата соло кариера по освојувањето на титулата во најгледаното натпреварување на Балканот.