Популарната српска пејачка, Теа Таировиќ, во последниот месец е актуелна со најновата песна „Хајде“, која стана голем ХИТ на балканот.
Таа за само еден месец на нејзиниот видео спот поставен на „YouTube“, успеа да собере нешто повеќе од 26 милиони прегледи, а со тоа си ја збогати и својата летна агенда, со оглед на тоа што е преангажирана со настапи ширум клубовите низ цел Балкан.
Taa неодамна пееше на приватна прослава каде собра мнооoгу добар бакшиш.
Имено, на Фејсбук се појави видео во кое Теа пее додека околу неа летаат банкноти, а во еден момент парите не можеше повеќе да ги држи во рацете. Отпрвин, еден човек ѝ дава пари во рацете, а потоа тој започна да ги фрла над неа, на подиумот, додека Таировиќ цело време игра и пее.
Интересно е што меѓу банкнотите не можеше да се види друга валута освен евро, и тоа по 50, 100, 200, 500 евра. Поради огромната сума пари што ја доби пејачката, беше невозможно да се избројат, но според слободна проценка, изгледа како да добила 5.000 евра само за рефренот.
Колку песната стана популарна, се чини дека најдобро покажува оваа снимка која денеска се шири на социјалните мрежи: