Дејвид Олсон од Мичиген пред две години си купил куќа, а под нејзините скали имало нешто необично.

Тој упорно се прашувал зошто куќата е навалена на едната страна, кон предните скали, па решил да ги откова и да види зошто.

Кога го ископа скалилото што водело до главниот влез на куќата, имало што да види. Неговата сопруга и тој веднаш сфатиле дека купиле куќа чија темел е изграден од кугли.

Олсон тврди дека никогаш не би го дознал ова, ако инспекторот не му наредил да провери зошто куќата е навалена на едната страна, веднаш до скалите.

Потоа тој решил да го ископа и влезот во куќата и имало што да види и таму. Под скалите и влезот имало повеќе од 160 топки.

Претходниот сопственик очигледно мислел дека така ќе помине поевтино.

Олсон решил да ги чува куглите и со нив да украси градината.