Девојка во чизми на плажа – оваа сцена ги запали социјалните мрежи. За некои, модата е поважна од удобноста и практичноста. Се чини дека девојката што стана ѕвезда во регионот е една од нив.

Кон средината на јули таа се појави на плажа со чизми, а откако хрватска инфлуенсерка ја објави фотографијата, стана хит на социјалните мрежи.

Да, сите знаеме дека има летни чизми, но без оглед на тоа, во нив е тешко да се оди на плажа.

– Навистина? Зошто? Зошто? Не разбирам, напишала инфлуенсерката покрај фотографијата што ја објавила на стори, а другите главно го поставувале истото прашање.

Некои исто така ја „начнаа“ приказната дека не им е јасно зошто има воопшто летни чизми и каде се носат – што мислите за тоа?