Славица Трипуновиќ, позната како Дајана (51), поранешна мисица и пејачка, пред неколку дена е уапсена во голема полициска акција насочена против елитната проституција во Белград. Како што дознава српски „Курир“, последната Мис на Југославија, која учествуваше и на изборот за Мис на светот, е фатена „на дело“!
– Славица Трипуновиќ е уапсена во голема акција во која паднаа и белграѓанката Мадам Јелена Јојиќ, менаџерот на Каја Остојиќ Душан Бањац и внукот на Ера Ојданиќ, Никола Анѓелиќ. Славица Трипуновиќ и Мартина Рајиќ, поранешна учесничка на Парови и Плејбој зајачици, беа фатени на дело, но брзо беа пуштени од притвор бидејќи беа изведени пред судија за прекршоци и казнети, вели извор на Курир.
Славица стана Мис на Југославија во 1991 година и ја претставуваше својата земја на светскиот натпревар. После тоа почна да се занимава со музика и го зеде уметничкото име Дајана.
Најголемата популарност со музичката кариера ја доживеа во деведесетите, но не беше заборавена, па во 2009 година учествуваше во реалното шоу „Фарма“.
Мисицата и пејачка го има синот Алекс, а во 2013 година се омажи за бизнисмен од Канада.
– Во медиумите сум од 18 години, патував, се занимавав со приватен бизнис, си ги исполнував желбите, немам за што да жалам, се што сакав се оствари. Го добив Алекс после 30-тата, а потоа се смирив, отворив козметички и фризерски салон и сега работам на отворање на уште еден. Многумина ми замеруваат што правам толкава пауза во музичкиот свет, ме прашуваат зошто не сум таму… Настапувам, но не толку интензивно, не одам на свадби, работам по дискотеки во странство – изјави еднаш Дајана и додаде:
– Не дека ништо не работам, многу работи работам, но моите работни места не се експонираат во медиумите. Не знам колкумина знаат дека порано работев во угостителството, па би сакала пак да влезам во тие води. Долги години произведувам рози, 15 години имам оранжерии со рози.
Пред неколку години на Славица Трипуновиќ Дајана ѝ беше дијагностициран рак на грлото на матката. За среќа, болеста беше откриена уште во најраната фаза и се‘ се заврши добро, а убавината ја краси и денес.