Српската фолк пејачка Весна Змијанац (66) пред неколку месец беше оперирана поради проблеми со срцето и и беше вграден стент, а нејзината фотографија од море денес изненади многумина.

Откако со месеци пејачката беше изолирана во својот дом на село каде се опоравуваше од операцијата, сега пејачката реши да замине на море и да ги изненади фановите со фотографија.

-Одиме на море, таму се е поубаво, напиша пејачката во описот на фотографијата.

Таа позираше во црвено бикини, со црвени очила за сонце и црвен кармин на устата.

Сепак во прв план беа нејзините бујни гради и деколте кое го коментираа нејзините следбеници.