Ана Севиќ неодамна се вери со Даниел Недеjковиќ, со кого е во врска веќе подолго време и со кого ја има ќерката Срна.

Севиќ сега застана на лудиот камен со избраникот Даниел и го кажа судбоносното „да“ во црква и во матично.

Како што изјави Ана за српските медиуми, таа успеала да ја зачува приватноста од сите.

Да потсетиме, ова е втор брак на Ана, а од првиот брак со пејачот Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена. Во неодамнешното интервју, Ана рече дека не планира да има само две деца, но и дека Даниел ја има истата желба.

View this post on Instagram

A post shared by ANA SEVIC OFFICIAL (@anasevicofficial)

– Му благодарам на Бог што ми даде толку прекрасни и мирни деца. Двајцата се златни и немам никакви проблеми со нив. Јас едноставно можам да родам уште пет, само зда бидат добри како моите ќерки. Даниел и јас разговаравме и двајцата сакаме големо семејство, вели Ана.