Американската актерка Франсиа Раиса им ги украде сите погледи на насобраните на плажата во Малибу, а покрај одбојкарските вештини ги покажа и своите облини во минијатурен костим за капење.

Раиса беше главниот магнет за погледи на плажата во Малибу, каде што ги истакна своите навистина бујни облини и ги привлече погледите на сите.

Франсиа играше одбојка на плажа со другарките, а покрај одбојкарските вештини и предизвикувачките пози кои ги правеше додека играше, го покажа и своето природно тело во минијатурно бикини. Папараците не престанаа да ја фотографираат, а нејзе очигледно не ѝ пречеше.

Инаку, Раиса е 35-годишна актерка која зад себе има низа значителни улоги, но сепак на јавноста ѝ е најпозната по тоа што во 2017 година Франсиа ѝ подари бубрег на познатата пејачка Селена Гомез.