Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Џани Алиоски, веќе подолго време е во љубов со својата девојка Нели.
Алиоски летово неочекувано англиската Премиерлига ја замени со Ал Ахли во Саудиска Арабија, па во избор на англиски „Дејли Стар“ се најде меѓу осумте најголеми премиерлигашки ѕвезди кои англиската елита ја замениле со петро-доларите во Саудиска Арабија, чиј принц престолонаследник Мохамед Бин Салман од неодамна е газда на Њукасл.
Алиоски беше еден од најомилените ликови во Лидс, каде дојде во летото 2017 година и после четири години, историски успех со враќањето на овој бивш англиски првак во елитата, безмалку 90 отсто од мечевите одиграни во елитното друштво како стартер, не се договори за нова соработка со доскорешниот клуб и замина во Ал Ахли.
Тој речиси воопшто не зборува за љубовниот живот, ама оне кои го познаваат велат дека е подолго време во љубов со Нели, која е од Швајцарија.
Тој за првпат објави нивна заедничка фотографија на која и’ честита роденден.