Летото е период во кој најчесто сведочиме на фотографии од летни дестинации. За наша модна инспирација денес ја избираме познатата водителка Аида Зибери која директно од плажа ги диктира модните трендови. Таа е негувана дама која води емисија на МРТ2.
-Немам некој посебен режим со кој ја одржувам линија на телото, доволно е тоа што ми го овозможува динамичниот живот што го имам како на работа така и дома со децата.
Отсекогаш сум била амбициозна во постигнувања на своите однапред поставени цели и колку толку сум успеала во своите намери конкретно кога се работи за мојата професија како водителка, професија која отсекогаш сум ја сонувала како дете. Дури од најраните години од животот почнав да се занимавам со својата професија која и ден денеска ја работам со голема страст.
-Надворешната убавина иако не е пресуден фактор во добивање на нели прв впечаток, сепак таа е доста битен чинител и фактор за да го привлече вниманието на старт.
– Современата жена треба да е пред сѐ вклучена во сите процеси на современиот свет, да е во тренд со времето, спремна на сите предизвици како во одредена своја професионална дејност така и во организирање на животот и фамилјарни предизвици и обврски.
Згодна сопруга е и мајка, а зошто е наша инспирација погледнете, па инспирирајте се и вие.