Во текот на фудбалски натрпевар во селото Лесичово во Бугарија се случи несреќа, кога молња го погоди и го усмрти фудбалскиот тренер Иван Ранчев (41).
Тоа се случило во неделата попладне во текот на контролниот меч на тимот од Лесичово и Ботево, кога најпрво почанл силен дожд, а потоа почнале да секаат молњи, пренесува „Новините“.
Молња погодила и еден од играчите, но тој преживеал.
Итната помош стигнала на местото на несреќата, а можела само да констатира смрт кај тренерот.