Васил Гарванлиев и покрај својот одличен, сигурен, мошне емотивен настап, кој беше награден со бурен аплауз во салата, но и во прес- клубот во Ротердам вечерва не обезбеди место во финалето на „Евросонг 2021“ што се одржува во арената Ахој. Тоа не им успеа ниту на претставниците од регионот – од Хрватска и од Словенија.

Во финалето влегоа претставниците на Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.

Холандија која по петти пат е домаќин на Евровизија по 1958, 1970, 1976 и 1980 година приреди незаборавно и спектакуларно шоу што го следеше милионски аудиториум ширум светот, а во арената Ахој која собира 16 илјадна публика, имаше само 3500 публика со негативен Ковид тест.

Второто полуфинале ќе се одржи на 20 ма. Седумнаесет земји ќе учествуваат во второто полуфинале. Сан Марино, Естонија, Чешка, Грчка, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска, плус Франција, Шпанија и Велика Британија ќе гласаат во ова полуфинале.

Финалето ќе се одржи на 22 мај . Во финалето ќе учествуваат 26 земји, составени од земјата домаќин, Големата петорка и десетте најдобро рангирани учесници на секое од двете полуфиналиња. Сите триесет и девет земји учеснички на Евросонг ќе гласаат во финалето.