Пејачката Николија Јовановиќ ги сподели своите фотографии на Инстаграм, за кои многумина би рекле дека се попредизвикувачки од било кога.
Имено, Николија позираше во долна облека и кратка бела маичка, под која се гледаат голи гради, а посебно внимание привлекоа тетоважите на препоните.
Над колена има тексас чизми кои го надополнија овој провокативен стајлинг на Николија. Под сликата таа испрати силна порака до жените.
– Жената во 2022 година може да направи се. Ве сакам, напиша таа.
Набргу по објавувањето на фотографиите, коментираа и бројни фанови кои беа воодушевени од смелите фотографии на пејачката.
„Леле изгледаш лудо“, „Николија кажи ни како толку брзо си ја врати линијата“, „Изгледаш феноменално, стајлингот е за десет“, се дел од коментарите.
Да потсетиме, Николија неодамна објави фотографии од зимувањето од Копаоник, на кои позира во бикини на снегот, што предизвика возбуда во јавноста, особено ако се земе предвид дека се породи пред само неколку месеци, а изгледа подобро од било кога.