Симонa Тун од Лондон вели дека ни фунта со години не потрошила за ништо. Луксузен стан во центарот на Лондон, одмори, облека, храна, естетски зафати, па дури и теретана, и плаќаат богати постари мажи.
Симона за себе вели декa е спонзоруша, а своето “занает” го дефинира вака: – Спонзоруша е девојка која живее убав живот. Сите ваши потреби ги исполнуваат спонзорите – вели таа.
Под ниеден услов не би одела со маж кој не сака да и ги исполни желбите. Се обидела, и побегнала.
– Моите основни потреби на месечно ниво чинат 4.000 фунти, а да не зборуваме и за уште работи во текот на месецот. Едноставно, покрај мене мора да оди успешен маж – вели Симона.
Како изгледа нејзиниот просечен ден?
– Се будам околу пладне, мразам утра. Потоа одам во таретана и вежбам два до три часа. Често после тоа одам на маникир. Подоцна се наоѓам со мојата најдобра пријателка и околу 4 или 5 часот одам на ручек. Потоа одам дома и се подготвувам бидејќи навечер одам на некое убаво место, вели таа додавајќи дека деновите ги поминува во шопинг дека “еднаш неделно мора да купи некоја дизајнирана торба”.
– Најлуксузна работа која сум ја добила е автомобил Range Evoque, вреден 25.000 долари, баш за мене. Сега баш се вратив од Дубаи,каде што бев со мојот спонзор. Ми беше супер, ми даде 8.000 фунти да ги потрошам на што сакам – вели Симон која потекнува од градчето Нортхемптношир.
– Таму немаше многу простор за напредување, а јас секако не сакам обична работа. Родителите ме подржуват во мојот избор. На крај краишта и моите две другарки, едната адвокат а другата лекар, мора да се потпрат на свои спонзори за да имаат доволно пари. Затоа не сакам ни да пробам да работам друга работа – заклучила таа.
Најстар спонзор кој го имала имал 62 години, а таа разлика била преголема за неа.
– Тие стари богаташи на некој начин ме третираат како ќерка. Знам дека звучи преверзно, но убаво е кога некој се грижи за вас – вели таа.