Неверојатна сцена е снимена во градски автобус во Нови Сад, јавуваат српските медиуми.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како жена излегува од автобус ни помалку ни повеќе, туку низ прозорец! Ситуацијата најблаго кажано ги шокираше патниците од автобусот.

По големо мачење, жената некако успеала да се провлече низ мал отвор, но на крајот и се заглавила едната нога, а не е јасно дали се повредила при излегувањето.

– Таа бегањето од контрола го подигна на едно повисоко ниво – пишува под објавата на Инстаграм

Коментарите само се редат, некои се шегуваат дека е подобро таа да платела билет, а други наведуваат дека ни многу мажи не би можеле да го направат ова.

– Подобро да платеше казна, бидејќи новите заби ќе ја чинат многу повеќе – вели еден корисник.

– Би ѝ дал бесплатен билет за следната година – додал друг корисник.

– Боже мили, можно ли е ова? Ќе се искрши целата. За 65 динари гратис уништени колена – додава друг корисник.

View this post on Instagram

A post shared by NS Uživo (@nsuzivo.rs)